Австрискиот синдикат ГПА бара платена 15-минутна пауза во продавниците по двочасовно работење со заштитна маска.
“Вработените во продавниците извршуваат тешка работа на овие високи температури со маска и затоа им е потребно олеснување. Тие наутро преместуваат околу еден тон овошје и зеленчук, потоа два часа работат на одделот за послужување топла храна при големи горештини и на крај работат на каса, понекогаш под притисок на нељубезните купувачи. Тоа е тешка работа, која е уште потешка со маска“, истакна претседателката на синдикатот, Барбара Теибер.
Синдикатот апелираше до владата “на вработените во супермаркетите, кои се херои во овој тежок период, да им се даде поддршка и да се воведат платени паузи од заштитните маски”.
Од петокот, маските мора да се носат повторно во супермаркетите во Австрија, по едномесечна пауза.
Фото: Freepik