Aвстрија воведува лотарија за вакцинирани – секој 10- ти добива 500 евра

100

Австриската влада воведува лотарија за промовирање на вакцинацијата против коронавирус. Ова се случи неколку часа пред парламентот денеска да го усвои предлог-законот за воведување задолжителна имунизација, објави Ројтерс.

Канцеларот Карл Нехамер рече дека сака финансиска награда за оние кои се вакцинирани.

„Поучени од минатото видовме дека лотаријата за вакцинација е најдобриот можен начин да се создаде таков систем“, вели тој.

Секој десетти купон ќе добие подарок ваучер од 500 евра, рече Нехамер.