Австриски BauMax ги затвора продавниците во Турција

55

baumaxАвстрискиот ланец продавници за опрема за домаќинство BauMax ќе затвори седум продавници во Турција, а би можел да се повлече и од други пазари во југоисточна Европа, јавува Ројтерс.

“Ќе ги затвориме продавниците во Турција. Сега размислуваме дали ќе го направиме истото и во другите земји. Одлуката ќе ја донесеме на крајот на април”, изјави сопственикот Карлхајнц Есл за австриската телевизија ORF.

BauMax, кој сега се соочува со финансиски проблеми поради слабата побарувачка, во Турција е присутен од 2010 година. Неговиот ривал, германски Praktiker, уште во февруари најави дека се повлекува од Турција, откако не успеа да ги продаде своите девет продавници во оваа земја.

BauMax има вкупно 158 продавници, од кои скоро половина се во Австрија, а останатите во Чешка, Словачка, Унгарија, Словенија, Хрватска, Романија, Бугарија и Турција.