Австрискиот бренд Jolly го купува словенечки Aero

325

drveni boicki

Австриската компанија Brevillier Urban & Sachs GmbH & CO KG, која што е сопственик на брендот Jolly, го купи словенечки Aero, пишува Delo.

“Квалитетот на производите на Aero е препознатлив во Словенија. За жал, претходните сопственици ги занемарија инвестициите во понатамошен развој, опрема и продажба. Ние сме убедени дека новиот сопственик ќе донесе светла иднина за компанијата“, изјави директорот на Aero Ida, Матеја Пучко.

Локацијата во Целје за новиот инвеститор е стратешка и привлечна, бидејќи од фабриката Jolly во австрискиот град Грац е оддалечена само еден час возење. Новиот сопственик во опрема и развој на компанијата ќе вложи повеќе од еден милион евра, планира успех на австрискиот, словенечкиот и хрватскиот, како и освојување на германскиот пазар.

Словенечка Aero е компанија основа во 1946 година во Целје, којашто во производното портфолио имаше широк асортиман на канцелариски материјали и училишен прибор. Австриски Jolly е бренд препознатлив по производство на квалитетни дрвени бои.