Автобуска станица во 3D техника

26

1513839012126040

Фото: WinSun

Печатењето во 3D техника зема сè поголем замав во архитектурата, а едно од последните изработени нешта е автобуска станица, пишува New Atlas.

Станицата е дело на компанијата WinSun, а за нејзина изработка се искористени рециклирани материјали. Конструкцијата беше направена во просториите на WinSun во Шангај за една ноќ. Веднаш потоа, конструкцијата беше инсталирана во древниот град Џиншан во Фенгџинг, Кина, на место каде претходно имало само стоп знак.

Автобуската станица вклучува и неколку места за седење, а планирано е да биде инсталирана и клупа.