Автобуската станица во Скопје со безжичен интернет

22

Сите посетители на Автобуската станица во Скопје од денеска ќе имаат пристап до квалитетна, безбедна и брза врска за безжичен интернет, а овие услуги ќе ги пружа SunWireless.

“Особена чест и задоволство ни е што изборот за wireless провајдер во автобуската станица – Скопје, која несомнено е од највисока категорија и реноме, падна токму на SunWireless, па максимално ќе се потрудиме сите посетители да добијат првокласен сервис на безжичен интернет – каков што несомнено очекуваат и заслужуваат.“

Со овој договор, SunWireless продолжува со својата мисија да расне како најголем безжичен-мобилен провајдер во Македонија, да ги следи своите корисници во чекор и да им обезбеди квалитетна услуга на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни.

SunWireless веќе ги опслужува Аеродромите на ТАВ, најголемите македонски хотели, студентските домови, ексклузивни  ресторани, кафе-барови и многу други атрактивни локации.
SunWireless обезбедува мобилност во преносот на податоци со различни при-пејд и пост-пејд можности кои се дизајнирани за да ги задоволат потребите на клиентите.