Автомобилите на Тојота на водород по цена од 50.000 евра

112

tojota na vodorod

Јапонскиот производител на автомобили Тојота соопшти дека нивниот автомобил на водород, кој од следната година ќе биде на продажба, ќе чини околу 50.000 евра.

Тојота најави дека во рамки на преминот на “зелено“ производство, што помалку ќе ја загадува околината и ќе биде поекономично, до 2015 година ќе започне масовно производство на автомобили на водород.

Еден од директорите на Тојота, Сатоши Огисо, изјави дека не станува збор за автомобил на лизинг со кој ќе се возат славни и важни личности, туку ќе биде “автомобил за секој ден за обичните луѓе“.

Сите водечки производители на атомобили, вклучувајќи ги General motors и Daimler, со децении работат на развој на автомобили кои како гориво го користат водородот.

Скептиците велат дека пумпите за водород ќе бидат уште поскапи од оние за електричните автомобили, како и тоа дека ќе бидат потребни нови и побезбедни начини за производство, складирање и превоз на водородот.