Автомобилите се потешки, стандардните заштитни огради веќе не се доволни ВИДЕО

203

Тестот го покажува она што се претпоставуваше – дека ни се потребни нови стандарди за заштитна ограда.

Автомобилите стануваат сè потешки, а електричните возила не се единствените одговорни за тоа. Треба да се земат предвид и големите SUV модели, како и големите седани опремени со хибридни и plug-in хибридни системи.

Сообраќајниот институт во Тексас A&M симулираше судир на Tesla Model 3 во стандардна заштитна шина што се користи во таа американска држава.

Електричното возило е програмирано да удира во заштитниот систем под агол при брзина од 100 km/h.

Резултатот – Model 3 ја проби заштитната ограда, што е јасен сигнал дека нешто треба да се промени.

Во нормални околности, овој тип на заштитна ограда треба да ја апсорбира силата на ударот и да го забави возилото. Се покажа дека оваа стандардна ограда не може да издржи возило тешко околу 1.900 кг.

Добрата вест е што сите воздушни перничиња во Tesla брзо се активираа и предниот дел на возилото се распадна (зоната на стуткање). Возилото ја апсорбирало енергијата од ударот и веројатноста за повреди на патниците била максимално намалена.

Сепак, овој тест го покажува она што се претпоставуваше – дека ни се потребни нови стандарди за заштитна ограда. Не само во Тексас…