Јапонскиот производител на автомобили Nissan е прва компанија што користи специјална боја за своите автомобили. Станува збор за боја што свети во темнина, а ја има на електричните автомобили Leaf.
Производителот соработуваше со иноваторот Хамиш Скот, креаторот на Starpath, боја во спреј што ги апсорбира UV зраците во текот на денот, по што свети околу осум до 10 часа по заоѓање на сонцето, стои во соопштението на компанијата.
Ова иновативно решение во целост е изработено од материјали од органско производство. Специјалниот премаз го содржи реткиот природен материјал Strontium Aluminati, што е цврст, хемиски и биолошки инертен.