Автомобилската компанија Porche произведе мед

45

med

Фото:  Porche

Германската автомобилска компанија Porche произведе сопствен мед, како дел од програмата за одржлив развој. Во околината на фабриката на Porche во Лајпциг се поставени 25 пчелни семејства. Иако кошниците се формирани во мај оваа година, германскиот производител успеа да произведе 1,5 милиони пчели кои произвеле околу 400 килограми мед. Медот е во продажба под името Turbienchen.

Пчелите се само еден од низата еколошки проекти што ги спроведува Porche. Во 2002 година германската компанија направи резерват каде живеат бикови, елени, птици и зајаци.

Porche се одлучи за поддршка и развој на пчели бидејќи паразитите и пестицидите предизвикаа да се намали бројот на пчели во Германија. Компанијата планира наредната година да го прошири бројот на пчелни , пишува The Drive.