Автомобилски гигант гради нова фабрика

34

Јапонската компанија Хонда размислува да инвестира 18,4 милијарди канадски долари во изградба на фабрика за електрични возила во Канада, објави Nikei Asia.

Јапонски весник објави дека Хонда размислува за изградба на фабрики за возила и батерии како дел од нејзините напори да остане на врвот на пазарот за електрични возила (EV).

Се додава дека Хонда размислува за неколку локации, вклучувајќи ја и постоечката фабрика во Алистон, во провинцијата Онтарио, а потенцијалната инвестиција би можела да се реализира до крајот на годината, објави канадскиот јавен сервис CTV.

Портпаролот на канадскиот министер за индустрија Франсоа-Филип Шампањ не потврди дали имало разговори меѓу канадската влада и јапонската компанија.

Во соопштението за медиумите, министерот изјави дека најавата за потенцијална инвестиција на Хонда „е знак за подобрување на репутацијата на Канада во заштитата на животната средина и дека таа е меѓу светските лидери кога станува збор за електричните возила“.

Nikei вели дека изобилството на обновливи извори на енергија во Канада е една од причините зошто Хонда размислува за оваа северноамериканска земја и дека во декември федералната влада наложи сите продадени патнички возила да бидат електрични до 2035 година.