Автомобилски гигант планира да изгради фабрика за електрични возила во САД

23

Јужнокорејскиот автомобилски гигант Hyundai Motor планира фабрика за производство на електрични возила во САД.

Компанијата е во преговори за изградба на фабрика во Џорџија, во близина на постоечките фабрики кои ги произведуваат брендовите Hyundai и Kia.

„Наскоро ќе биде објавен план за изградба на нова фабрика за електрични возила во САД, но во оваа фаза не можеме да споделиме детали со вас“, одговорија од Hyundai  на Ројтерс кој истражуваше за нивните инвестициски планови.