Автомобилски гигант повлекува 2.700 нови автомобили

72

Само два месеци по лансирањето, Toyota објави дека повлекува 2.700 електрични автомобили bZ4X  бидејќи тркалата може да им испаднат додека возат. Имено, се покажа дека и по мал број километри, шрафовите на тркалата може да се олабават до точка каде што би можеле да се одвојат додека возите.

Секако, не е потребно да се нагласи опасноста од ваков проблем, а по повлекувањето на речиси сите досега произведени модели, Toyota покрена истрага. Покрај Toyota, која е најголемиот производител на автомобили во светот, повлекување на автомобилот најави и Субару, компанија во која Toyota има 20 отсто удел.

Повлечени се околу 2.600 единици на Subaru Solterra, нивниот прв електричен автомобил развиен во соработка со Toyota и со чиј модел bZ4X ги дели повеќето компоненти.

Фото: Pixabay