
Кинескиот производител на електрични автомобили BYD во вторникот процени дека би можел да го заврши третиот квартал со двојна нето добивка благодарение на силната продажба и ефективната контрола на трошоците.
Нето-добивката во периодот од јули до септември би требало да се движи од 9,55 милијарди јуани (1,31 милијарди долари) до 11,55 милијарди јуани, што би значело дека таа би била двојно повеќе во однос на истиот период лани.
„И покрај сè пожестоката конкуренција во автомобилската индустрија во третиот квартал, компанијата повторно работеше со профит“, се наведува во соопштението.
BYD „го користи растечкото влијание на брендот, континуирано зголемувајќи ја својата волуменска предност и големиот капацитет за контрола на трошоците низ индустрискиот синџир“, објаснуваат тие.
Во периодот од јануари до септември, нето добивката би можела да биде речиси два и пол пати поголема од истиот период минатата година, со горна прогноза од 22,50 милијарди јуани, прогнозираат тие.
Продажбата на возила на поеколошки горива достигна рекордно ниво во третиот квартал и BYD го зазеде првото место во светот по продажба, посочуваат тие.
Во периодот од јули до септември, компанијата продала 824.001 возила во таа погонска категорија, 53 отсто повеќе од пред една година, покажуваат податоците.
Минатата недела BYD објави дека се согласила да продаде 2.000 електрични автобуси со Узбекистан, додавајќи дека ќе ги здружи силите со градските власти на Ташкент за да ја промовира електрификацијата на јавниот превоз, пренесува Пословни.хр.











