Автомобилскиот гигант пресече: Вакцината задолжителна од 8 декември

81

Форд ќе воведе задолжителна вакцинација за своите 32.000 вработени во САД, изјави вчера портпаролот на компанијата. Работниците имаат рок до 8 декември да бидат целосно вакцинирани.

Вработените кои одбиваат и немаат „одобрено објаснување“ (религиозни или медицински причини) – ќе бидат ставени на список за платено отсуство најмногу до 30 дена.

По тој период престанува т.н „заштита на работните места“, (eng. job protection). Целта е да се постигне највисока можна стапка на вакцинација без тешки последици за кој било вработен, рече портпаролот.

Форд е, инаку, првиот од трите големи американски производители на автомобили што пропишува задолжителни вакцини за своите вработени во САД. Претходната политика на компанијата беше да ги охрабри работниците да се вакцинираат,но компанијата не ги направи задолжителни. General Motors (GM) и Stelantis веќе бараат нивните вработени во Канада да бидат целосно вакцинирани.