Автопилотот на Тесла опасен за децата (Видео)

86

Професионален тест-возач ја испробал најновата верзија на автопилотот на Tesla на полигон во Калифорнија, а резултатите се во најмала рака вознемирувачки.

Групата за безбедност во сообраќајот „Dawn Project“ тврди дека најновата верзија на технологијата за самоуправување „Tesla“ не е безбедна за употреба, откако автомобилот во неколку наврати не успеал да препознае дете на патот и удрил во кукла без застанување.

Тврдењата дека технологијата очигледно има проблем да ги препознае децата на пат се дел од кампањата за да се натера Конгресот на САД да ја забрани употребата на технологијата на aвтопилотoт на Тесла.

Во неколку тестови, професионален тест-возач открил дека софтверот, лансиран во јуни, не успеал да ја препознае детската кукла при просечна брзина од 40 километри на час или со брзина поголема од таа.

Основачот на групата Dawn, Ден О’Дауд, рече дека резултатите се „длабоко вознемирувачки“, додавајќи дека тврдењата на Тесла дека новиот софтвер е неверојатен се невистинити и претставуваат смртоносна закана за луѓето.

„Повеќе од 100.000 луѓе возат Tesla и користат софтвер за самоуправување на јавните патишта, со што децата низ целата земја се изложени на ризик“, рече О’Дауд.