Авторот на биографијата на Стив Џобс сега ќе пишува книга за Маск

56

Американскиот писател Валтер Исаксон, авторот на биографијата за коосновачот на Apple, Стив Џобс, која стана бестселер, прифати да напише книга за извршниот директор на Теsla, Илон Маск.

Ако сте заинтересирани за Tesla, SpaceX и што правам јас воопшто, @WalterIsaacson пишува биографија за мене“, напиша Маск на Twitter минатата недела.

Одговарајќи на корисниците на социјалните мрежи, Маск рече дека веќе неколку дена соработува со Исаксон бидејќи треба да собере материјал за книгата.

Во интервју за Yahoo Finance пред неколку месеци, Исаксон го спореди Маск со Џобс, велејќи дека Маск е “на некој начин Стив Џобс од нашето време“.

Фото: Facebook