Axe кампања: Водете љубов, а не војна

22

axe

Axe е познат по духовити, понекогаш и контроверзни реклами, но со последната кампања, својата маркетинг стратегија ја сврте во сосема поинаква, посериозна насока.

Со слоганот “Водете љубов, а не војна”, Axe ја промовира новата линија производи Axe Peace.

“Младите луѓе се грижат за иднината. Оваа генерација е социјално свесна и повеќе дигитално поврзана од било кога… Во свет исполнет со конфликти, знаеме дека понекогаш најмоќното оружје е љубовта. Како што е прикажано во спотот, бакнежот има моќ да го направи светот пообединет и помирно место”, вели Метју МекКарти, директор за Axe во Unilever.

Зад проектот стои агенцијата BBH Лондон.