Ayo – очила за зголемување на продуктивноста

19

ayo

Ayo е српско – бугарски производ, којшто има за цел да ја зголеми продуктивноста и енергијата, а е во форма на очила кои преку синото светло влијаат на сигналите што допираат до мозокот и со тоа овозможуваат полесно будење наутро, справување со недостаток од сон и слично, пишува порталот Startit.rs.

Основачкиот тим, што го сочинуваат Бранислав Николиќ, Никола Вучиниќ и Александар Димитров, ги создадоа очилата Ayo, на основа на хронобиолошки истражувања, коишто се засноваат на поимот “телесен часовник“, што го контролира ритамот на дневниот и ноќниот циклус на секој жив организам и зависи од хормоните што го објавуваат најдоброто време за спиење, будење, работа, одмор и слично.

Прозводот се состои апликација и очила за чии ефекти се доволни да се носат 20 минути. Апликацијата дава совети за оптимална количина и време за спиење и исхрана, но и следење на овие параметри со оние на партнерот или некоја позната личност, како што е Никола Тесла. Оваа апликација овозможува и синхронизирање со други фитнес додатоци.

На платформата за групно финансирање, Indiegogo, овој старт – ап досега собра 25.496 долари.