Азербејџан ја зголемува испораката на гас во Европа

100

Испораките на азербејџански гас за Европа во 2022 година ќе изнесуваат вкупно 9,1 милијарди кубни метри, изјави азербејџанскиот министер за енергетика Парвиз Шахбазов, цитиран од Интерфакс.

На 31 декември 2020 година, Азербејџан започна да извезува гас во Европа преку гасоводот ТАП. Во 2021 година обемот на испораки на гас во Европа (Италија, Грција и Бугарија) изнесува вкупно 8,2 милијарди кубни метри. Така, годинава во однос на претходната, извозот на гас ќе се зголеми за 11%.

„Во 2022 година нашиот извоз на гас во Турција ќе изнесува 8,2 милијарди кубни метри, во Европа е 9,1 милијарди кубни метри (зголемување од 11% во споредба со 2021 година)“, рече Шахбазов за време на дипломатскиот форум во Анталија, Турција.

Според него, од 31 декември 2020 година, европските потрошувачи добиле 9,7 милијарди кубни метри гас од Азербејџан преку гасоводот ТАП.

Шахбазов додаде дека Азербејџан има значителни резерви на природен гас, што го покренува прашањето за проширување на географијата на испораките на азербејџански гас и „дошло време да се започне со работа во оваа насока“.

Министерот нагласува дека Азербејџан е заинтересиран не само за извоз на гас што се вади во Каспиското Море, туку и за извоз на електрична енергија произведена од ветер.

Во 2021 година Азербејџан извезе вкупно 19,2 милијарди кубни метри природен гас.