Фото: Pixabay
Финансиски извештаи се една од најважните алатки за деловното одлучување. Истите се предмет во анализата на успешноста на компаниите, како и основа за подготовка на идни стратегии и планови.
Финансиските извештаи сами по себе содржат важни информации за состојбата на компанијата. Денешните менаџери користат најразлични сетови на алатки за нивна подготовка, но особен предизвик е нивното правилно толкување како извор на финансиски податоци, како и дефинирањето на најзначајните показатели од анализата. За потребите на одлучувањето, посебно е важно извештаите да бидат соодветно комбинирани зависно од потребите, како и правилното толкување на добиените заклучоци.
Со ваквиот предизвик најчесто се соочуваат финансиските менаџери, сметководителите, аналитичарите, сопствениците на компаниите и претприемачите. Затоа, од особена важност за секоја компанија е да има алатка со која финансиските податоци навремено и структурирано ќе бидат обработени. Една од алатките за изработка на финансиски извештаи е софтвер за финансиско работење, кој треба да содржи автоматизиран механизам за изработка на финансиските извештаи, вклучувајќи ги:
- Биланс на состојба
- Биланс на успех
- Профитни маржи со графички приказ
- Распределба на приходи / трошоци по организациски единици / трошковни места
- Мерење на профитабилноста и успешноста во однос со планот (или и со минати години)
- Структура на побарувања и обврски
Ваков сет на извештаи, кои се генерираат автоматски со еден клик од системот, согласно прокнижените податоци од страна на сметководствената служба, се составен дел на софтверот за деловно работење – Pantheon.
Со употребата на Pantheon во секојдневното работење, сите податоци кои се генерираат во модулот финансии, лесно и едноставно можат да бидат сублимирани во извештај, во било кое време и за било кој временски период.
Па така, билансот на успех и билансот на состојба, повеќе не се извештаи кои менаџментот ги добива еднаш годишно поради законската обврска за нивна изработка во рамки на завршната сметка, туку се извештаи кои можат да бидат генерирани и анализирани за било кој временски период. Од тука, податоците од билансот на успех кои ја покажува успешноста на компанијата, може да укажат за потребата од навремени корективни мерки што компанијата треба да ги преземе од аспект на трошоците и приходите. Особено ризична постапка е билансот на успех да биде анализиран и толкуван на крајот од годината, кога е веќе доцна да се преземе било каква акција за подобрување на финансиските резултати.
Покрај основните финансиски извештаи кои ги опфаќаат и прегледите за отворени ставки и нивната структура по доспеаност, во Pantheon постои можност компаниите развиваат своја структура на извештаи во која според спецификите на самата компанија ги анализираат параметрите за успешност, вклучувајќи анализи според успешноста на организациските единици, производи, проекти или трошковни места.
Особено важно е да истакнеме дека за сите компании кои соработуваат со странски претставништва, сите извештаи се достапни на било кој странски јазик.
Секако, во фокусот на финансиските анализи за секој менаџер е следењето на остварените резултати во однос на планираните. Во Pantheon е интегриран модул за планирање кој овозможува евиденција на годишниот план на приходи и трошоци, и анализа на резултатите во однос на планираното. На ваков начин менаџерите на компаниите многу брзо и едноставно можат да проценат во која насока се движат работите во компанијата и соодветно да преземат активности за подобрување на резултатите. Анализите вклучуваат и споредба на реализацијата со претходни години, па така само со неколку клика можеме да го видиме трендот на пораст на компанијата во однос на претходните години.
И сето ова, за менаџерите е достапно преку најразлични контролни табли на кои се прикажани најзначајните индикатори од работењето, па така, само со еден поглед добиваме увид за состојбата.
Времето и условите во кое денешните компании опстојуваат, бараат огромна флексибилност и навремено прилагодување на пазарните услови. За менаџерите е премногу ризично информациите за состојбата на компанијата да ги добиваат парцијално, ориентациски и во временска рамка од неколку месеци. Ажурната евиденција и пристапот до тековни информации се клучна алатка за деловното одлучување и успешноста на компаниите.