Азиските берзи во плус, доларот падна

На повеќето Азиски берзи индексите пораснаа денеска бидејќи се намали загриженоста за усвојувањето на Законот за фискална одговорност во американскиот Конгрес, додека доларот падна во однос на јенот и еврото бидејќи растеа надежите дека ФЕД може да паузира со зголемувањето на каматните стапки во јуни.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции порасна во четвртокот за 0,45 отсто, закрепнувајќи се од најниското ниво од 22 март, кое го допре претходниот ден.

Истовремено, јапонскиот Никеи зајакна за 0,29 отсто, а за околу половина процент зајакнаа и кинеските берзански индекси.

Претставничкиот дом на САД во средата вечерта со големо мнозинство гласаше за измена на Законот за фискална одговорност, кој предвидува „отстранување“ на лимитот за долг на американската влада од 31,4 трилиони долари, што е клучен чекор за да се избегне банкрот на САД следната недела. Сега предлогот за измена на тој закон ќе биде проследен до Сенатот, каде расправата ќе биде продолжена за викенд.

Повеќето аналитичари предвидуваат дека законот ќе биде одобрен од Конгресот, а американскиот претседател Џо Бајден во средата изјави дека очекува законот да биде потпишан до понеделник.

„Законот усвоен со многу големо мнозинство и со толку силна двопартиска поддршка, многу е тешко да се поверува дека неговото усвојување во Сенатот нема да биде само формалност. Вниманието на учесниците на пазарот сега е свртено кон состанокот на ФЕД“, рече Реј Атрил од Националната австралиска банка.

ФЕД го прескокнува зголемувањето на каматните стапки во јуни?
Денес, учесниците на пазарот проценуваат само 38 отсто од шансите ФЕД повторно да ги зголеми каматните стапки на состанокот на 14 јуни, за разлика од претходниот ден, кога веруваа дека шансите да ги зголемат за четвртина процентен поен се 70 отсто.

Ова се должи на изјавите на некои претставници на ФЕД дека е можно ФЕД да ги „прескокне“ зголемувањата на каматните стапки во јуни, што ќе и даде време на централната банка да ги процени перформансите на претходниот циклус на затегнување на каматните стапки во однос на сѐ уште силната инфлација.

Поради зголемените очекувања дека ФЕД нема да ги зголеми каматните стапки овој месец, индексот на доларот благо ослабна за 0,08 отсто во однос на претходниот ден, на 104,21 поен и е подалеку од највисокото ниво во последните два месеци, кое беше постигнато минатиот петок на 104,42 поени.

Сепак, индексот на доларот во мај заврши со раст од 2,7 отсто, постигнувајќи го најдоброто месечно остварување од септември минатата година, кога порасна за 3,1 отсто.

Во однос на еврото, доларот во четвртокот ослабе за 0,1 отсто, на 1,06895 долари, а според јенот за 0,4 отсто, на 139,24 јени.