Бабичка од Јапонија дизајнираше апликација за iPhone

65

mobilen-vo-raka-pexels

Осумдесет и едногодишната Масако Вакамија од Јапонија изработи апликација, со која корисникот треба да постави 12 кукли на своето место, пишува Mashable.

Апликацијата го носи името Hinadan, којашто е комбинација од зборовите hina – што е вид на кукла и dan што значи ниво. Корисникот мора да ги намести 12-те кукли на своето место преку четири нивоа.

“Причината поради која ја направив Hinadan е тоа што многу апликации се наменети за млади луѓе и скоро и да не постојат апликации во коишто може да уживаат повозрасните. Сакам да ги охрабрам постарите луѓе да имаат повеќе забава со користење на компјутерите“, вели Масако.

Оваа бабичка, исто така, има и свој блог на јапонски и англиски јазик, преку којшто ги подучува корисниците да користат Excel за изработка на цртеж. На блогот таа објавува и видео записи од патувањата на коишто оди.