Bacon Boxes: Букети од пржена сланина

116

11

Логан Реи и Кимберли Хруда како студентки почнуваат бизнис кој многу брзо станува сензација на Флорида. Овој американски старт-ап изработува необични букети – наместо рози, цветовите се направени од пржена сланина.

22

Првата роза од пржена сланина е направена 2015 година како подарок за роденден. Откако ја доставиле во една канцеларија, почнале нарачките и така дошле до идеја за нов бизнис. Логан и Ким почнале да се консултираат со локални готвачи, за да ги развијат производите. Откако нашле добавувачи за потребните намирници, обезбедиле кујна, се лиценцирале и брендирале, креирана е компанијата Bacon Boxes.

33

“Од првиот Ден на вљубените со сега бележиме раст на побарувачката од 357%. Кога се празници, имаме огромен број нарачки, па работиме од утро до мрак”, вели Логан за NBC News.

За изработка на букетите велат дека користат најквалитетна сланина на пазарот, којашто сами ја сечат, ја пржат и ја аранжираат.

Фото: Bacon Boxes