Бафет е сè поактивен во Јапонија

Познатиот милијардер Ворен Бафет (всушност неговата холдинг компанија Беркшир Хатавеј) откри дека неодамна ја зацврстил својата позиција во пет јапонски конгломерати, Иточу, Марубини, Мицубиши, Мицуи и Ко и Сумитомо.
Тој во просек веќе има 8,5 отсто учество во споменатите компании, а неговиот хоризонт е како и секогаш долгорочен и предвидува дека уделот дополнително ќе зајакне (до 9,9 отсто).

Цените на акциите на споменатите компании годинава се зголемени за најмалку 30 отсто, а рекордер е Марубини со раст од 62 отсто. Елитниот индекс Токио Никеи (кој вклучува акции на 225 јапонски компании) годинава веќе доби 28 отсто!