Бафет го менува портфолиото – инвестира во она, што некогаш го исмеваше

108

Пред да наполни 91 година во понеделник, Ворен Бафет презеде чекори за да обезбеди „Беркшир Хатавеј“ и неговиот потенцијален наследник да бидат во подобра позиција да профитираат од економија базирана на технологија.

Оперативниот бизнис на конгломератот е мешавина на компании фокусирани на традиционалниот столб на економијата – од железници, батерии, преку осигурување до мебел за дома и малопродажба. Поради старата економска ориентација, сепак, „Беркшир“ пропушти експлозивен раст. Но, сега ја покажува својата отвореност за инвестиции што се оддалечуваат од старото економско јадро, за да се прилагодат на новиот свет.

Изложеноста на Беркшир кон технолошките акции се зголеми на 45% од портфолиото благодарение на огромниот удел во Apple. Неговата инвестиција во Apple скокна на над 120 милијарди долари и стана нејзин најголем имот. Пред десет години, најголемите инвестиции во капиталот на Беркшир покажаа многу мала технолошка изложеност, освен на IBM.

За да се обложи на раст, „Беркшир“ влезе во првичните јавни понуди и инвестиции пред ИПО, што легендарниот инвеститор еднаш го исмеваше.

Има доста значајно поместување во инвестициското портфолио. Сега е навистина насочено кон новата економија. Компанијата, исто така, купи удел во најголемиот иницијатор на дигитално плаќање во Индија. И тоа е само дел, подоцна тие продолжија да инвестираат во слични компании.

Бафет претходно се изјасни против инвестирање во компании непосредно пред да дебитираат на пазарот. Тој го спореди со обидот да победи на лотарија. Последното големо ИПО што го купи Бафет беше дебито на Форд во 1956 година. Ова подоцна го направија неговите менаџери.

Со децении, компаниите гледаа кон Бафет затоа што тој беше меѓу најголемите инвеститори во приватниот капитал. Сепак, приватниот капитал се намалува во последните години со каматни стапки на рекордно најниско ниво.

Иако инвеститорите сe уште веруваат во проценката на Бафет, тие се уште чекаат „аквизиција со големина на слон“.