Бафет: Инвестирајте во бизнис кој секоја будала може да го води

160

Еден од најбогатите луѓе во светот, американскиот инвеститор Ворен Бафет смета дека наместо во газдата, треба да инвестирате во “бизнис кој секоја будала може да го води“…

Брилијантните и добро образовани менаџери се синоним за компанијата, како Стив Џобс, Марк Цукерберг и Џеф Безос. Меѓутоа, Бафет смета дека наместо во газдата, треба да инвестирате во “бизнис кој секоја будала може да го води“, бидејќи инвестирањето во компанија врз основа на нејзините лидери, некогаш не е најдобрата опција.

Бафет истакнува дека ако имате доволно добар бизнис, ако имате монопол над новинарите, ако имате телевизиска станица “тогаш бизнисот може да го води и вашиот роднина идиот“. Тој истакна дека ако имате навистина добар бизнис, не постои разлика во тоа кој го води.

Накратко, Бафет смета дека би можело да биде паметно да инвестирате во компании кои ќе донесат профит, без оглед на тоа “кој го придвижува шоуто“.