Бафет објасни зошто богатството од 100 милијарди долари не го остава на своите деца

69

Американскиот милијардер, Ворен Бафет не сака да им остави богатство од 100 милијарди долари на своите деца, а познато е и зошто донел таква одлука. Најголемиот дел од своето богатство го донира во добротворни цели.

Инвеститорот минатата недела рече дека е подобро да се искористи неговото  богатство за филантропска работа отколку да биде дел од инвестициското портфолио на неговите деца.

“Откако гледав многу супер-богати семејства, еве ја мојата препорака: Оставете им на вашите деца толку да можат да сторат нешто, но не толку многу да не можат да сторат ништо“, напиша тој во обраќањето до акционерите, додавајќи дека неговите исто така, се занимаваат со филантропска работа.

Бафет кој наскоро ќе наполни 91 година  забележал дека династиско однесување или пренесување на големо богатство од една генерација на семејство во друга е поретко во САД отколку во другите држави. Тој се надева дека неговото размислување ќе придонесе за поинаков став кон богатството.

Како што објави Washington Post во 2014 година, тоа не значи дека неговите деца, кои имаат по шеесетина години, не добиле дел од своето богатство. Секој од нив доби фондација вредна две милијарди долари.

Бафет уште во 2006 година соопшти дека поголемиот дел од своето богатство ќе го донира, пишува CNBC.

Фото: Facebook