Baggizmo – чанта што ќе ги испразни џебовите на секој маж

47

baggizmo

Секој современ маж има потреба од чанта којашто ќе биде функционална, модерна, ќе биде во склад со гардеробата што ја носи и ќе ги собере сите потребни додатоци.

baggizmo 2

Брачната двојка Ладислав и Изворка Јуриќ од Хрватска, направија токму таква чанта – Baggizmo.

baggizmo 5

“Јас сум вљубен во додатоците и никогаш не излегувам без нив од дома. Од таа причина, сфатив дека имам потреба од чанта којашто ќе ги собере сите мои потребни предмети, да бидат уредно сместени за да може да ги најдам кога ќе ми затреба некој од нив, без разлика дали возам автомобил, велосипед или сум на состанок. За да го постигнеме тоа, чантата треба да биле лесна, тенка дури и кога е полна и да е удобна за носење“, вели Ладислав за порталот Crowdfunding.hr.

baggizmo 1

Развојот на Baggizmo траеше 10 месеци и во тој период се направени повеќе протипи, сè додека не се направи најсоодветниот прототип.

baggizmo 7

“Развојот на производот го правевме во соработка со фантастични млади дизајнери од студиото Мануфактуристи и многу сме задоволни од резултатите што ги постигнавме“, додава тој.

baggizmo 3

Baggizmo се најде на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter, каде што има за цел да собере 35.000 долари. Досега се собрани 9.793 долари од 93 инвеститори.