На 27 март свечено ќе биде отворен новиот ултра луксузен ресорт Baha Mar кој се наоѓа на Карибите.
Чисти бели песочни плажи и кристално прозирната тиркизна вода беа доволна причина оваа рајска природа да добие еден ваков величенствен туристички комплекс.
Луксузниот ресорт се состои од четири хотели Baha Mar Casino & Hotel, Grand Hyatt, SLS LUX и Rosewood.
Целиот комплекс вклучува 2.200 соби, 284 приватни резиденции, огромно казино кое зафаќа површина од 9.300 метри квадратни, спа центар кој се простира на 2.800 m2 и ексклузивен терен за голф со поглед на океанот.
Baha Mar има 40 ресторани, барови, ноќни клубови, простории за деловни состаноци и конференции, познати бутици и 20 хектари плажи и базени.