Бајден бара од републиканците да одобрат повисок лимит за јавно задолжување

12

Американскиот претседател Џо Бајденсо поддршка на својот нов тим економски советници го критикуваше планот на републиканците кој предвидува намалување на јавната потрошувачка.

Администрацијата на Бајден не се согласува со барањата на републиканците за намалување на јавната потрошувачка, со аргумент дека благодарение на зголемените јавни распределби се охрабрува закрепнувањето на американската економија, пренесува Ројтерс.

Републиканците одбиваат да го зголемат лимитот на јавното задолжување од сегашните 31,4 трилиони долари, освен ако Бајден не се согласи да ја намали јавната потрошувачка.
Белата куќа објави дека можноста за намалување на јавната потрошувачка е можна само доколку се укине горната граница за јавно задолжување.

Фото: Pixabay