Бајден бара зголемување на производството на енергенти во САД

22

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги повика администрацијата и Конгресот да истражат начини за зголемување на производството на енергенти во САД и намалување на контролата на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) врз цените на енергенти по, како што рече, „краткогледното“ намалување на производството во земјите на ОПЕК , објави во средата Белата куќа.

ОПЕК + предводен од Саудиска Арабија на редовниот состанок во Виена ги игнорираше молбите на Белата куќа да се одржи производството на нафта без ограничувања и одлучи да го намали производството за дури два милиони барели дневно, што е најголемото намалување на производството од избувнувањето на пандемија на коронавирус, пренесува Ројтерс.

Тој потег предизвика остар одговор од Бајден, што го „подгрева“ јазот меѓу Соединетите Американски Држави и Саудиска Арабија по прашањето на енергетската политика.