Бајден даде зелено светло за е-возилата: „Избираме да изградиме подобра Америка“

75

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера го посети автосалонот во Детроит, најголемиот настан од ваков вид во Северна Америка, каде го поддржа растечкиот премин на автопроизводителите кон производство на електрични возила и нови инвестиции во фабрики за батерии, во износ од неколку милијарди долари.

„Избираме да изградиме подобра Америка, со американски работници да водат“, рече Бајден.

Тој, исто така, најави одобрување на првите 900 милиони долари за финансирање на изградбата на станици за полнење електрични возила во 35 држави според законот за инфраструктура, објави Ројтерс.

Националниот советник за клима на Белата куќа, Али Заиди, изјави за Ројтерс дека производителите на автомобили и батерии најавиле инвестиции од 13 милијарди долари во производство на електрични возила во 2022 година.