Бајден ги прашува регулаторите зошто поскапеле горивата во САД

34

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика американските регулатори да ги разјаснат причините за поскапувањето на горивата на национално ниво.

Минатата недела Бајден ја идентификуваше борбата против инфлацијата како главен приоритет по падот на довербата на јавноста кон него. Статистиката покажува дека цените достигнаа 30-годишен пик во октомври.

Во писмото до Федералната трговска комисија, Бајден ги таргетира нафтените компании, нагласувајќи дека тие ја зголемуваат цената на нафтата дури и кога нивните трошоци се намалуваат и нивниот профит расте. Американскиот претседател и нареди на агенцијата да провери дали зад скокот на цената стојат „незаконски практики”.