Бајден: Инфлацијата во САД е неприфатливо висока

19

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека инфлацијата во САД е „неприфатливо висока“ и дека нејзиното намалување е негов главен економски приоритет.

Во соопштението објавено од Белата куќа, тој рече дека е „уверен“ дека Федералните резерви (ФЕД) ќе ја завршат својата работа за да се намали рекордно високата инфлација, додавајќи дека неговата администрација изградила силна економија и силен пазар на труд.

„Мојот план за инфлацијата е фокусиран на намалување на трошоците со кои се соочуваат семејствата и намалување на федералниот дефицит“, додаде Бајден, пренесува Анадолија.

Коментарите на Бајден дојдоа откако годишната потрошувачка инфлација во САД се зголеми за 8,3 отсто во април, според податоците на Министерството за труд.

Годишниот раст на потрошувачките цени беше 8,5 отсто во март, што е највисок раст од декември 1981 година.

ФЕД минатата недела ја зголеми референтната каматна стапка за 50 базични поени, а која и претходно во март ја зголеми за 25 базични поени.

Иако монетарното затегнување на ФЕД има за цел да ги намали инфлаторните притисоци, тоа предизвика страв од економска рецесија.