Бајден не ја постигна целта за вакцинирање на 70% од населението до четврти јули

43

Белата куќа призна дека нема да биде остварена целта на претседателот Џо Бајден до националниот празник, четврти јули со барем една доза да бидат вакцинирани 70% од возрасните во САД.

Во својата изборна кампања, демократот Бајден ја стави кампањата за вакцинирање меѓу приоритетите во својот мандат.

“Ќе бидат потребни повеќе недели за да може 70% од населението да се вакцинира барем со една доза“, признал Џеф Зајнетс, претпоставен за одговори во врска со Ковид-19 во Белата куќа.

Но, очекува 70% од возрасните лица над 27 години да примат барем една доза вакцина до четврти јули. Повеќе од 45% од населението во САД е целосно вакцинирано.

Друга цел на Бајден е 160 милиони Американци да бидат целосно вакцинирани до четврти јули и засега е потребно да се вакцинираат уште 10 милиони за да се постигне таа цел, којшто би се постигнала до средината на следниот месец.

Фото: Pexels