Бајден од Американците ќе побара да носат маски 100 дена

47

Избраниот американски претседател, Џо Бајден најави дека на почетокот на мандатот од Американците ќе побара 100 дена да носат маски за да се спречи ширење на коронавирусот, пренесува ВВС.

Во првото заедничко интервју со избраната потпретседателка Камала Харис откако победија на избори, Бајден за CNN рекол дека ќе дојде до “значително намалување“ на бројот на заразени доколку сите Американци носат маски.

Најавил дека ќе нареди носење на маски во сите владини згради. САД од почетокот на пандемијата имаа 14,1 милиони случаи, со 276.000 смртни случаи.

Фото: Freepik