Бајден оптимист: Економијата е на „правиот пат“

11

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека не е изненадување што американската економија забавува бидејќи Федералните резерви дејствуваат на намалување на инфлацијата.

Бајден, во изјавата по објавувањето на податоците кои покажаа дека повторно е забележан економски пад во вториот квартал, остана оптимист за економските изгледи, наведувајќи дека пазарот на трудот е историски силен и дека потрошувачката на граѓаните продолжува да расте, пренесува Ројтерс.

„Ние сме на вистинскиот пат и ќе поминеме низ оваа транзиција уште посилно и посигурно“, рече тој во изјавата.

Економијата на САД се намали за 0,9 отсто на годишно ниво во вториот квартал од 2022 година, што е втор по ред квартален пад, според прелиминарна проценка на Бирото за економски анализи.

Во претходниот квартал, бруто домашниот производ на САД падна за 1,6 отсто.