Бајден со нов предлог-закон ги суспендира санкциите против Северен тек 2

84

Американскиот претседател Џо Бајден има за цел да ги укине американските санкции за гасоводот Северен тек 2 преку нов нацрт-закон за одбрана, објави во средата Форин полиси.

Државниот секретар Ентони Блинкон и неговите помошници ги повикаа сенаторите да обезбедат поддршка за укинување на санкциите за гасоводот. Тие додаваат дека одлуката на администрацијата на Бајден е мотивирана од нејзината намера да ја задржи Германија како сојузник, особено ако тензиите меѓу Русија и Украина ескалираат во нов вооружен конфликт.

Претходно овој месец, Соединетите Држави усвоија нов сет на санкции против руските компании поврзани со Северен тек 2, потег што го осуди Москва.