Бајден воведува данок за најбогатите Американци

61

Белата куќа во понеделник ќе претстави план за воведување „минимален данок“ за милијардерите во рамките на буџетот за 2023 година.

За прв пат 700-те најбогати Американци ќе плаќаат директни даноци, пишува Вашингтон пост, повикувајќи се на пет извори и административен документ во кој имал пристап.

Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа и економските советници процениле оваа есен дека 400 семејства на милијардери платиле просечна федерална даночна стапка од 8,2 отсто на нивниот приход, помеѓу 2010 и 2018 година.

Белата куќа проценува дека воведувањето на новиот данок ќе ги зголеми приходите за околу 360 милијарди долари во следните 10 години.