Бакарот ќе биде нова нафта и ќе чини 11.000 долари за тон

212

Аналитичарите на Goldman Sachs велат дека бакарот е нова нафта и предвидуваат раст на цената на црвениот метал на 11.000 долари по метрички тон.

Своите прогнозира поскапување на бакарот ги образложуваат со премин на “зелена“ енергија од фосилните горива и недоволната понуда на овој метал, пренесува CNBC.

Според податоците од Лондонската берза на метали, бакарот во средата е тргуван по цена од околу 8.900 долари за тон.

Фото: Pixabay