
Фото: Pixabay
Индонезискиот град Бали, утре ќе го исклучи интернетот на 24 часа по повод Денот на тишината на островот. Nyepi, или Нова Година според древниот Балиски календар е свет ден кога ништо не работи во земјата, па дури и Интеранационалниот аеродром, пишува Guardian.
Властите побараа од телекомуникациските оператори да го исклучат интернетот, а компаниите годинава за прв пат се обврзаа да го исполнат барањето.
Сепак, Wi-Fi конекциите ќе бидат достапни во хотелите и за одредени стратешки услуги како што се безбедноста, воздухопловството, болниците и агенциите за катастрофи. Телефонските и СМС услугите ќе бидат во функција, но Индонезиската Асоцијација за интернет провајдери разгледува дали и Wi-Fi конекциите во приватните резиденции да бидат исклучени.
Индонезија има повеќе од 132 милиони корисници на интернет. Ова привремено исклучување е една форма на почит за денот кога мештаните треба во тишина и мир да ја чествуваат нивната Нова Година. На тој ден се забранува секаква работа и патување.