Balkan Changemakers’ Weekend: Млади претприемачи ќе работат на поврзување на балканската старт-ап сцена

22

unnamed

За прв пат досега, речиси 20-тина луѓе од седум земји од Југоисточна Европа ќе се соберат на работен викенд со цел да се креираат решенија за критични проблеми што го кочат растот на старт-ап екосистемите во регионот: Како да се продолжи да се инспирираат и мотивираат луѓето да се стремат кон претприемништво и развивање иновативни бизниси?

Ова е почетен настан, организиран од страна и за млади луѓе кои имаат заедничка визија за поттикнување на претприемништвото и старт-ап екосистемите во нивните земји, преку соработка и размена на знаења и искуства. Во текот на овој викенд ќе се соберат лидерите од дигиталните заедници на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија и Србија, со цел да се изработат најмалку две – три пилот иницијативи кои ќе се имплементираат во целиот регион во текот на следните месеци.

Balkan Changemakers’ викенд ќе започне во петок, 26 август, на брегот на Охридското Езеро во Струга, Македонија. Меѓу учесниците ќе има претставници од SECO EP – Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина; Oficina во Тирана, Албанија; HUB385 во Загреб, Хрватска; Иновативен центар во Косово и УНИЦЕФ иновации Lab Косово во Приштина, Косово; и StartUp Grind и Startup Weekend во Скопје, Македонија. Исто така, присутни ќе бидат членови на старт-ап заедниците, како и основачи на стартапи вклучувајќи ги Imagga од Бугарија, Vollo од Хрватска и Brainster од Македонија.

Организатор и поддржувач на настанот е SECO програмата за претприемништво (SECO EP), проект поддржан од Владата на Швајцарија и имплементиран од страна Swisscontact, заедно со J.E. Остин.