Балкан енерџи груп ќе произведува, дистрибуира и снадбува топлинска енергија за Скопје

73

F3DA79B5ADB40848A89296241E36978AПроизводството, дистрибуцијата и снабдувањето со топлинска енергија за седум скопски општини, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија одлучи да и го додели на компанијата Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје.

Оваа одлука беше донесена во понеделникот, а стапи на сила од вчера.

Балкан енерџи груп ќе биде одговорна за снабдување со топлинска енергија за општините Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Кисела Вода, Чаир, Аеродром и Општина Гази Баба.

Исто така регулаторната комисија ги донесе и измените на лиценцата  на АД Електрани на Македонија – подружница Енергетика, во државна сопственост.

Оваа измена е резултат на Договорот за закуп на мрежата во делот на подрачјето од општина Гази Баба, односно подрачјето во кое од 1 јануари годинава ќе испорачува топлинска енергија за потрошувачите.