Банко БПМ отфрли понуда вредна десет милијарди евра од конкурентската банка Уникредит, со образложение дека понудата ја потцени вредноста на БПМ и ќе има лошо влијание врз стратегиското одлучување и ќе претставува дополнителен ризик за акционерите.
БПМ, пишува Ројтерс, наведе дека премијата од 0,5 отсто е „невообичаена за такви понуди“.
Понудата на UniCredit за BPM беше клучна и за италијанската влада, која имаше амбициозни планови за спојување на BPM со конкурентот Monte dei Paschi di Siena, што сметаше дека го зајакнува банкарскиот сектор без да ѝ наштети на конкуренцијата.
Одборот на директори на BPM заклучи дека понудата на UniCredit „во никој случај не ја одразува профитабилноста на Banco BPM и потенцијалот за создавање дополнителна вредност за акционерите“, кои би биле изложени на „неизвесности“ кога станува збор за плановите на UniCredit за проширување во Германија.