Bandito – алка што е блокатор за комарци

31

Bandito е алка за рака којашто штити од комарци со помош на миризбата и звукот кои ги испушта.

Батеријата на Bandito му трае цела летна сезона, односно 500 часови или 90 дена по 5,5 часови, а моментално е достапен во бела и во црна боја.

Производот е дело на старт-ап со седиште во Чикаго, САД и има своја кампања на платформата IndieGoGo. Досега има собрано 133.566 долари од потребните 25.000 долари, а кампањата трае уште 20 дена.

Првите испораки на производот се очекува да бидат во август годинава.