
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Бангладеш се обврзал да нарача 10 авиони од Ербас како дел од замената на авионите во флотата во која доминира Боинг.
Макрон, по средбата со премиерот на Бангладеш, Шеик Хасина, изрази благодарност за довербата во европската воздухопловна компанија.
Француските власти соопштија дека договорот за авионите А350 е сè уште во фаза на финализирање и дека се преговара со водечкиот авиопревозник на земјата Биман Бангладеш ерлајнс, објави Ројтерс.