Bank of America триумфално ја заврши 2021 година

90

Bank of America објави квартален раст на добивката од 30 отсто, што е подобро од очекуваното. Добивката е поттикната од растот на вредноста на кредитите и рекордниот обем на спојувања и превземања во делот на инвестициското банкарство.

Со доволно готовина и охрабрени од зголемените проценки на берзата, големите откупи, компаниите и финансиерите затворија зделки вредни милијарди долари во четвртиот квартал, плаќајќи 850 милиони американски долари советодавни трошоци за BoA, што е за 55 отсто повеќе од претходната година.

Комбинираните трошоци за кредитни и дебитни картички се зголемија за 22 отсто на 212 милијарди долари во последниот квартал од 2021 година. Севкупно, добивката се искачи на 6,77 милијарди долари или 82 центи по акција за последниот квартал. Според аналитичарите, се очекуваше добивката да биде 77 центи по акција.