Банка по грешка уплатила 155 милиони евра на илјадници сметки

Десетици илјади луѓе на божикното утро беа пречекани од неочекуван добродетел – банката Сантандер, која по грешка уплатила 155 милиони евра на 75.000 сметки.

Вработените во Сантандер сега брзаат да ги вратат парите, а оваа задача е тешка бидејќи голем дел од нив е уплатен на сметки во други банки, јави Би-Би-си.

Настаната била грешка кога двапати биле извршени плаќања од деловни сметки од 2000 година.

Од банката нагласиле дека веќе почнале разговори со други банки – Barclays, HSBC, NatWest, Co-operative Bank и Virgin Money.

Од Сантандер изјавиле дека тие банки ќе се обидат да ги вратат парите од сметките на нивните клиенти.

Сепак, не е јасно како ќе постапат банките во случај нивните клиенти веќе да ги имаат потрошено парите.

Од банката навестиле дека најверојатно и директно ќе стапат во контакт со луѓето за да ги вратат парите.