Банка: Подравка планира аквизиции во регионот

56

podravka

Хрватската компанија Подравка, по преземањето на словенечката прехранбена компанија Жито во април оваа година, се стекна со значителен потенцијал за зацврстување на позицијата на еден од клучните проиведувачи на прехранбени производи во регионот. Во интервју за Банка, претседателот на Управата на Подравка, Звонимир Мршиќ вели дека по завршувањето на аквизицијата на Жито, Подравка очекува раст, зголемување на ефикасноста и заштеда поради синергијата.

Мршиќ за Банка вели дека не гледа простор ни можност за значителен органски раст ниту во храна ниту во лекови во Хрватска и регионот, освен во туризмот.

“Треба да се има на ум дека во повеќето категории сме лидер на пазарот. Раст во регионот е можен преку аквизиции и наша намера е да учествуваме или да поттикнеме некои консолидациски процеси во регионот. Од друга страна сакаме да го диверсификуваме ризикот, а тоа значи значително да ги зголемите приходите од пазарите надвор од регионот”, вели Мршиќ.